Почетна / Телевизија / Кој сè ќе гостува во последното издание на „Во недела попладне“

Кој сè ќе гостува во последното издание на „Во недела попладне“

 

Последно издание на емисијата на Томато за оваа сезона

 

Денеска со почеток во 15 и 30 часот на Алфа телевизија ќе се емитува последното издание на “Во недела попладне” за оваа сезона. Емисијата на Томато продукција е една од ретките ток шоу емисии, во кои гостуваат личности од јавниот живот кои се актуелни во тој период.

 

 

Во последното специјално издание ќе има многу гости и музика, а домаќини се Ненад и Марјана, кои се водители на емисијата веќе неколку месеци. Ќе имаме прилика да слушнеме што подготвува Ламбе Алабаковски, што ќе каже новиот селектор на Македонската Фудбалска репрезентација – Љубинко Друловиќ, а ќе ги чуеме и новите песни на Теа, Сара Мејс и победничката на Макфест, Бојана Атанасовска, која освен тоа што има нова песна, има и нова љубов.

Освен споменатите гости, тука е и Елена Ристеска која пред гледачите на Алфа ќе ја претстави својата нова песна “Доживотно”, која станува вистински леен радиски хит.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ со пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот на Канал 5

По емисијата од средата (19 март) на “Само Вистина”, новинарот и уредник Александар Видиновски добил …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!