Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #96 |Alevosía

Предавство, епизода #96 |Alevosía

Во недела не го пропуштајте последното продолжение!

 

Анхелес и Естер излегуваат во еден бар за да се опијат поради невозвратената љубов. Подоцна, доцна во ноќта, кога Анхелес се враќа дома, ја затекнува Густаво кој ја прашува зошто се враќа пијана. Анхелес му одговара дека и е смачено од животот, смачено што сестра и е слепа, смачено што има подла мајка како Трини и смачено што љубовта не и е возвратена.

Сленото утро Естер не може да стане од постела мислејки дека е поради мамурлокот. Почнува да повраќа и мајка и загрижена ја носи на клиника.

Пред да замине на работа, Густаво и се јавува на Луз Марија само да и го чуе гласот и да и се заблагодари за убавиот ручек.

На клиника, Естер дознава дека немала мачнина поради мамурлокоттуку дека е бремена. Иако е шокирана, Естер со среќа ја прифаќа вестта за бременоста.

Даниела доаѓа кај Анхелес и ја известува дека единствена цел на Тринидад е да ја раздвои фамилијата.

Раул повторно се среќава со својот пријател Диего и го советува да оди во клиника за зависници. Диего му одговара дека му се допаѓа животот кој го води и дека нема да дозволи никој да му се меша како што тоа го правеле порано.

Анхелес доаѓа кај Трини и ја прашува што е со муабетот дека сака да ја раздвои фамилијата. Во стапица и нервозна Трини ја лаже дека се прави за неа бидејки како мајка има потреба да знае се за нејзината ќерка. На крајот се фаќа во сопствената стапица и вели дека Даниела излажала и дека таа не била виновна за киднапирањето на Лусијана. Анхелес и вели дека Даниела не и кажала ништо такво но дека самата Трини сега се издала. И вели дека ја презира и се срами што има мајка како неа.

Одека Сесилија шета самa низ дворот од вилата се судира со Октавио, но бидејки не може да гледа не го препознава.

 

продолжува

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

error: Содржината е заштитена!