Почетна / Забава / 70.000 дојдоа да го слушнат Јоксимовиќ во Арената

70.000 дојдоа да го слушнат Јоксимовиќ во Арената

 

Вчеравечер во Националната Арена Филип Втори во Скопје се случи спектакл кој веројатно уште долго време нема да се повтори. Секоја чест до продукцијата План Б кои најавија спектакл и го остварија тоа.

 

 

Како што и се очекуваше беа потребни неколку часа само за да се наполни Арената, градот беше преполн со луѓе од други градови кои дојдоа специјално за концертот на Жељко Јоксимовиќ. На почетокот публиката ја загреа Жаре Бербер со песни од Тоше Проески и други хитови. Ѕвездата на вечерта на сцена се појави дури во 22:00 часот, тогаш кога јужната, западната и северната трибина заедно со партерот беа преполни со публика гладна за добра музика.

 

 

Жељко Јоксимовиќ својот концерт за кого рече дека со него ќе започне една нова ера во неговиот живот, го отвори со големиот хит „Либеро“. Сите 70.000 посетители на концертот оваа песна ја отпеаја во еден глас. Појавувањето на Даниел Кајмакоски за дуетот со Жељко Јоксимовиќ ја крена целата публика на нозе, а гости беа и Рибља Чорба, Тавитјан, Лепа Брена и Жељко Самарџиќ. Сите му честитаа на Јоксимовиќ за овој успех.

Концертот беше пренесуван во живо на Youtube канал отворен од Minacord Production, на истиот неколку пати му се оддаде чест на единствениот Македонец кој ја наполни Арената, Тоше Проески.

 

{gallery}062014/zeljkoj{/gallery}

 

фото: Minacord Production

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Бебек ја поканува публиката на концертите во Охрид и Битола

Видео поздрав од легендарниот Жељко Бебек, по повод претстојните концерти кои ќе се одржат овој …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!