Почетна / Сапуници / Вака започна историската романса за храбриот „Азиз” на Сител

Вака започна историската романса за храбриот „Азиз” на Сител

Од понеделник до петок на Сител телевизија ја следиме новата вечерна серија која на сцена го врати познатиот Мурат Јилдирим, ѕвездата од сериите „Љубов и казна“ и „Аси“.

Серијата e добитничка на неколку номинации на престижните телевизиски награди во Сеул, меѓу кои оние за најдобра драмска серија, најдобар актер и најдобро напишано сценарио.

Во продолжение ве потсетуваме како започна приказната за Азиз, по што можете да се вклучите на Сител секој работен ден во 21.20 часот и да ги очекувате новите романтични и возбудливи случувања во развојот на приказната.

Семејството Пајдар е најголемиот производител на теписи во Антакија, a кои водат просперитетен и богат живот. Во тоа време, земјата е под француска окупација и правата на слобода и избор за жал се ограничени.

Судбината на нивниот син Азиз и целото семејство се менува кога Азиз го убива францускиот делегат, поручник Андре.

Принуден е зад себе да ја остави родната земја, својата единствена љубов и сè што има како не би бил погубен. Да замине далеку, да се спаси себеси, но и сите оние кои ги сака.

По две години, тој се враќа во родниот крај што предизвикува изненадување за сите.

Ништо веќе не е исто. Не само што Азиз изгуби сѐ што поседуваше, туку ситуацијата во неговиот роден крај е полоша од што беше. Покрај тоа, неговата прва љубов Дилруба е свршена со неговиот братучед Адем, синот на неговиот вујко Галип Пајдар.

За Азиз не останува ништо друго освен да почне сѐ одново.

Повторно да се роди, да се издигне како феникс од пепелта во која го фрлија и да ја почне својата голема борба за правда и слобода. Убавата селанка Ефнан ќе ја врати надежта во неговиот живот дека може повторно да љуби, но сега тој ќе мора да ги превземе работите во свои раце.

Никаде не постои едноставен пат до слободата, и многумина од нас мораат да пројдат повеќе пати низ долината на смртта за да го достигнат врвот на своите желби. Па така и за Азиз следува долг пат низ таа долина, затоа што тајната на среќата е слободата. А тајната на слободата е храброста.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!