Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #50 |Alevosía

Предавство, епизода #50 |Alevosía

 

 

По барање на Густаво, Анхелес доаѓа да разговара со Естер каде што и признава дека немала намера да го заведе Хоакин, дека нештата едноставно се случиле.  Естер ја истерува Анхелес од дома и и вели дека не сака никогаш повеќе да ја види, ниту неа ниту Хоакин.

Рубен и изјавува љубов на Мирјам и бара од неа да појде со него во Мексико Сити каде што би започнале нов живот. Но таа го известува дека нивната љубов е само убаво сеќавање и дека никогаш не би го оставила Габино. Тажен и со скршено срце, таткото на Густаво одлучува да се врати во Мексико Сити.

Трини ја известува својата внука Анхелес дека се пакува бидејки ќе замине на пат со Алваро во Лас Вегас.

Нати и Алберто излегуваат на вечера со Густаво и Лусија за да прослават за својата скора венчавка. Лусија го прашува Густаво зошто е молчелив цело време а тој и префрла дека можеби би било најсоодветно да го земе Алваро како придружник на венчавката кај Нати.

Диего му признава на својот пријател Хаиме дека не ја сака повеќе Моника и дека не знае како да и каже а да не страда.

Родителите на Естер се загрижени за здравјето на својата ќерка која одбива да јаде или да прави било што. Постојано е затворена во својата соба и плаче.

Трини и признава на својата мајка дека и Анхелес имала голем удел во претставата да ја направат сенилна. Доња Инес не може да поверува дека Анхелес е способна за нешто такво.

Лусија по тешката расправија со Густаво го замолува Андрес да ја напушти вилата.

Доња Инес и признава на Чоле дека би сакал да ја види својата ќерка Лусија мажена за човек како Алваро а не за некој како Густаво. Мајката на Лусија и признава на домарката дека никогаш не ја одобрувала врската на Лусија со тој човек и дека ова е одлична можност да стават крај на таа врска.

Габино ја известува својата сопруга Мирјам дека пожарот во винаријата бил подметнат.

Анхелес е решена да ги смири Хоакин и Естер бидејки смета дека тоа ќе и биде голем плус кај Густаво. Им договара состанок во еден елитен ресторан. Естер прво ја отфрла идејата но Анхелес искрено ја замолува да му даде нова шанса на Хоакин кој ја сака само неа. Хоакин и изјавува љубов на Естер и и признава дека не може да живее без неа. Девојката конечно попушта и ја крунисуваат својата врска со длабок и страсен бакнеж.

Во Лас Вегас, Трини и Алваро ќе заработат многу пари на покер. Во момнент на среќа, Алваро ја запорсува Трини.

Во меѓувреме, Андрес се обидува да ископа информации за Октавио од Нати. Андрес е сигурен дека Октавио е единствениот виновник за смртта на неговиот брат близнак.

Густаво и Лусија повторно се расправаат за Андрес. Смачена од секојдневните расправии, Лусија му го врача на Густаво престенот од неговата мајка. Го известува дека најдобро за двајцата е да стават крај на врската.

Анхелес ја повикува Мирјам, тетката на Густаво на кафе. Девојката сакајки да добие поени кај Густаво и предлага заем на Мирјам со цел да излезат од лошата финснасика криза во која западнаа со нејзиниот сопруг по пожарот.

Раул му кажува на својот пријате Диего дека тој го подметнал пожарот во винаријата кај тетинот на Густаво бидејки Анхелес го побарала тоа од него. Раул му признава на својот пријател дека Анхелес има видео од него како има односи со друг маж, но дека не знае дека тој друг маж е нејзиниот брат Диего.

Мирјам му вели на својот сопруг дека позајмила пари за да почнат да ја реновираат винаријата, без да му каже кој и ги позајмил.

Трини, штотуку вратена од Лас Вегас и признава на својата внука дека се омажила за Алваро Пењареал.

 Густаво очаен бара совет од Нати, а таа му признава дека Лусија е збунета во чувствата откако се појавил Андрес во нејзиниот живот.

 

ПРОДОЛЖУВА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …