Почетна / Живот / 40 дена и 40 ноќи без храна, вода и облека. Дали би издржале?

40 дена и 40 ноќи без храна, вода и облека. Дали би издржале?

 

Нова сезона од “Голи и престрашени” на Дискавери

 

Овојпат наместо двајца, дури дванаесетмина експерти за преживување ќе бидат дел од новата сезона на серијалот „Голи и престрашени XL“ кој со емитување започнува во понеделник, 30 ноември во 21 часот на Discovery Channel. 40 дена и 40 ноќи, без храна, вода и облека.

 


 

Шест жени и шест мажи, сите експерти за преживување и со богато искуство, ќе бидат одвоени од остатокот од светот во далечната екваторска џунгла- Колумбија и овојпат сите ќе се борат за истите ресурси.

Секој од нив ќе биде оставен самостојно во џунглата. Како ќе реагираат кога ќе се сретнат едни со други? Ќе се здружат и соработуваат заедно, или ќе се поделат?

 


 

Овие луѓе веќе имаат докажано дека поседуваат физичка и ментална сила, издржливост, интелигенција и желба за преживување во текот на претходната сезона на „Голи и престрашени“. Меѓутоа, во ваков голем предизвик кој трае дури 40 дена, мора да ги совладаат сите препреки за да излезат живи. Дали барем еден од нив ќе докаже дека го има потребното за да го совлада предизвикот?

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велковска: Правдата во Македонија – законска дупка од епски размери

Драгана Велковска, aктивистка за заштита на животни и животна средина so реакција на изјаснувањето од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!