Почетна / Сапуници / „Бурни времиња 3“ наскоро на Сител телевизија

„Бурни времиња 3“ наскоро на Сител телевизија

 

Минатиот викенд заврши втората сезона од мегапопуларната турска серија „Бурни времиња“. Крајот измами емоции кај гледачите и го отвори нивниот апетит за продолжението на вистинската приказна за животот на Осман и неговото семејство. Со оглед на тоа колкави дебати се отворија низ македонските интернет форуми за емитувањето на третата сезона од „Бурни времиња“, ние се обративме до Сител телевизија за да ви пренесеме официјална и точна информација.

Многумина шпекулираа дека Сител нема да ја откупи третата сезона и оти таа ќе биде емитувана на друга телевизија. Други зборуваа дека истата ќе се емитува дури на есен. Но, Сител телевизија и овој пат го оствари своето ветување и стори се за желбата на гледачите да биде испочитувана. Повеќе нема да зборуваме оти насловот открива се – „Бурни времиња наскоро на Сител“.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва скопска МТМ ќе ја репризира новелата „Фамилијата Реј“

Oд понеделник до петок во 15.10 часот, Прва скопска МТМ телевизија ќе ја репризира мексиканската …