Почетна / Серии / Прочитајте ја содржината на „Убијците на мојот татко“ (Алфа, 20.30 часот)

Прочитајте ја содржината на „Убијците на мојот татко“ (Алфа, 20.30 часот)

Дејствието започнува кога главниот јунак, млад инспектор на белградската полиција, Александар Јаковљевиќ, и покрај неговото проблематично однесување, добива важен случај – убиена е единствената ќерка на еден угледен човек чија што фирма го гради најголемиот стамбен комплекс во регионот.

Но, Александар иако е растргнат со своите проблеми, ништо не препушта на случајноста и постојано копа по секој сегмент од животот на убиената девојка, па така несвесно и се приближува на опасноста, затоа што на некој му е важно тоа убиство да се заташка и да остане нерешено.

Александар исто така го мачи и болката од тоа што досега не се реши случајот за убиството на неговиот татко Миле, кој исто така бил полициски инспектор.

Александар открива можност овие две убиства да се поврзани, па за него убиството на оваа млада девојка станува негова мисија.

Тој нема да знае на кој да му верува, дали на неговиот шеф кој исто така бил и најдобар пријател на неговиот покоен татко т.е началникот на полицијата, Маријановиќ, или пак на колегата Мирко или на двете жени кои ги има во својот живот.

Марија – јавната обвинителка со која е во врска, или на младата форензичарка Јелена со која се забавува. Додека се ризикува и очајно трага по вистината, нема да знае колку таа може всушност да биде болна.

Од понеделник, 16 октомври во 20.30 часот на Алфа.

Најпопуларната српска крими серија “Убијците на мојот татко” оваа сезона во прајмтајм на Алфа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова српска хумористична серија за викенд на Канал 5

Кои се луѓето кои најдобро можат да ве разберат, да ви помогнат…со кои можете да …

error: Содржината е заштитена!