Почетна / Телевизија / Бугарското реално шоу „Судски спор“ во 22 часот на Алфа телевизија

Бугарското реално шоу „Судски спор“ во 22 часот на Алфа телевизија

 

Алфа телевизија емитува бугарско реално шоу

 

Ова месец на Алфа телевизија со емитување започна бугарското шоу “Судски спор”. По секакви српски риалити емисии и македонска верзија на дел од истите, Алфа се реши да прикаже како Бугарите ги продуцираат тие шоуа. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 22 часот.

 

 

Се работи за реално шоу за реални животни приказни кои својата разрешница ја имаат во телевизиски судски процес. Во ова „судско шоу“ се симулираат вистински спорови од различна природа. Телевизиската публика има шанса да проследи судско рочиште во сите негови фази во кое засегнатите страни имаат еднаква шанса да ги претстават своите аргументи пред судот и пред поротата.
 
Секоја од засегнатите страни има право на адвокат, а доколку некој не е во можност да обезбеди адвокат, судот назначува одбрана по службена должност.
 
 
 Телевизиските судски спорови се во целост во согласност со реалната законодавна и судска практика. Судските одлуки се донесуваат врз позитивната законска регулатива, но без правни дејствија.
 
Во оваа телевизиска серија од судницата учествуваат најпознатите водители и артисти од Бугарија Нена, Жоро Игнатов, Ирена Александрова и Иван Сотиров.

 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ Пакет со поддршка до Канал 5 и осуда на говорот на омраза

ТВ Пакет со поддршка за телевизија Канал 5 која последниот период е мета на оркестирано …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!