Почетна / Забава / Евровизија / Евровизиската песна ќе ја слушнеме на 22. февруари

Евровизиската песна ќе ја слушнеме на 22. февруари

 

Евровизиската песна ќе биде претставена во музичкото шоу „Хит на месецот“ на МРТ Македонскиот евровизиски претставник е композиција во брз, денс ритам, на чијашто финална верзија на текстот и насловот, се уште се работи. Aвтор на композицијата е продуцентот Дарко Димитров.

 

 

Eвровизиската песна со којашто Тијана Дапчевиќ ќе не претстави на 59-тото издание на Изборот на песна за Евровизија, официјално ќе биде претставена на 22. февруари, во музичкото шоу „Хит на месецот“.

– „Секогаш домашниот Избор на песна за Евровизија привлекува големо внимание и е следен со нeспорен интерес од домашните но и од евровизиските фанови ширум Европа, па затоа подготвивме специјално евровизиско издание на Хит на месецот. Тука ќе понудиме повеќе содржини преку кои ќе го претставиме процесот на создавање на евровизиската песна, авторот, нашиот изведувач, снимањето на песната и се разбира песната“, вели Мери Попова, шеф на Македонската Евровизиска делегација.

Од МРТ соопштуваат дека песната што ќе ја изведе Тијана Дапчевиќ, е композиција во брз, денс ритам, на чијашто финална верзија, се уште се работи. Aвтор на композицијата е композиторот и продуцент, Дарко Димитров.

– „Со Дарко Димитров работиме четиринаесет години и многу сме успешни како тандем во регионот. Отсекогаш знаевме дека нешто големо ќе ни се случи, ова е тој момент“, изјави Тијана Дапчевиќ.

Изборот на песна за Евровизија ќе се одржи од 6-ти до 10-ти мај во Копенхаген, Данска, а учество ќе земат вкупно 37 земји. Тијана Дапчевиќ ќе настапи на 8 мај, во второто евровизиско полуфинале.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020

Македонската Радиотелевизија со известување до граѓаните на Македонија : По извршената анализа на досегашните учества …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!