Почетна / Серии / Теленовели / „Повторно роден“ на Сител – нов летен хит за љубовта и одмаздата

„Повторно роден“ на Сител – нов летен хит за љубовта и одмаздата

 

Најгледаната серија за ланското лето во Хрватска сега и кај нас

 

Сител телевизија ова лето ни носи уште една турска успешница, која ќе ве запраша дали може некој без минато да има иднина и да се спознае себеси.

 

 

Ова е приказна за Ефе и Мете, двајца близнаци чие детство навидум се чини спокојно и среќно. Кога Ефе ќе дознае дека неговата мајка има афера со деловниот партнер на таткото, ќе реши вистината да му ја соопшти на татка си. Се крие во неговиот автомобил, несвесен дека токму тој автомобил и тој момент ќе ги однесе засекогаш во пропаст. Таткото е нападнат од еден од бизнис партнерите и со колата доживува несреќа. Умира на лице место, а Ефе успева да се спаси.

 

 

По 20 години, веќе ништо не е исто. Сега, кога сите мислат дека детето е одамна умрено, тој се враќа во животите на своето семејство. Ефе е сега скромен и благороден, пораснат во сосема поинакви услови од Мете, кој расте во студено, арогантно и бескруполозно окружување. Кога двајцата браќа ќе се сретнат повторно по толку поминато време, ќе може ли нешто да ја спречи братската љубов и поврзаност?

 

 

Мете е убиен од страна на непријателите на семејството, и тогаш Ефе решава да се одмазди и да го превземе неговиот идентитет. Времето за одмазда започнува, но во новото време и новиот живот, Ефе ќе се вљуби во онаа која беше судена за брат му. Повторно роден, само тој ќе ја има силата да ја порази лагата и да го врати она што одамна му беше украдено.

 

 

Актерот од “Има ли надеж” и хероината на “Тишина” ова лето ексклузивно на Сител во нова драматична приказна без која нема да може да поминете ниту една жешка ноќ. Ова лето, од продукцијата на “Парампарче” доаѓа серија за заводливиот одмаздник, серија која ќе покаже колку амбицијата може да ги уништи животите и колку љубовта може да ги воскресне оние кои повторно ќе треба да се родат.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ќе се дознае ли вечерва измамата за виното „Бруско“ ?

Неверојатни пресврти во грчката сапуница која секоја вечер се емитува на телевизија Сител. Во епизодите …