Почетна / Серии / Светската историска драма „Викинзи“ доаѓа ексклузивно на ТВ Нова

Светската историска драма „Викинзи“ доаѓа ексклузивно на ТВ Нова

 

Панданот на “Game of thrones” стартува во Македонија

 

ТВ Нова ја збогатува својата програмска шема. Во низата информативни, дебатни и контактни емисии пред неколку дена започна со емитување на руска теленовела, а многу наскоро започнува светски телевизиски хит токму на оваа фреквенција.

 


 

“Викинзи” е канадско ирска историска драма напишанa и создадена од страна на Мајкл Хирст за телевизискиот канал History. Снимена во Ирска, премиерно започнала со емитување на 3 март, 2013 година во Канада. Моментално во тек е емитување на петтата сезона од оваа хит серија, и токму додека трае еуфоријата за новата сезона, серијата започнува со емитување и во Македонија. Наскоро ексклузивно на телевизија Нова – доаѓаат Викинзите.

 

 

Серијата е инспирирана од сагите на викингот Рагнар Лотброк, еден од нордиските јунаци познат по нападите на Англија и Франција. Нашиот нов херој е обичен земјоделец и семеен човек кој е фрустриран од политиката на Ерл Харалдсон, неговиот локален водач кој ги испраќа своите Викинзи да ограбуваат на исток, каде жителите се многу сиромашни. Рагнар сака да го предводи западот, преку океанот и да открие нови цивилизации (за кои уште не се знае ни дали постојат). Регрутира лојални војници и оди во потрага по нови земји за кои очекува да бидат побогати. Рагнар, кој тврди дека е директен потомок на богот Один, започнува да се бори со Ерл во битка за превласт.

 

 

Серијата го прикажува како фармер кој се издигнува организирајќи напади во Англија и кој потоа станува скандинавски крал со поддршка на семејството и на верните воини: брат му Роло, синот Бјорн Железниот, и неговите жени – воинката Лагерта и принцезата Аслауг.

Улоги : Travis Fimmel, Katheryn Winnick, Clive Standen, Jessalyn Gilsig, Gustaf Skarsgard, George Blagden, Gabriel Byrne, Alyssa Sutherland, Donal Logue, Alexander Ludwig, Linus Roache

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply