Почетна / Сапуници / Вечерва на Сител, првиот бакнеж меѓу Омер и Дефне во „Вљубениот ерген“

Вечерва на Сител, првиот бакнеж меѓу Омер и Дефне во „Вљубениот ерген“

 

Првиот бакнеж на Омер и Дефне

 

 

Вечерва на Сител телевизија, веднаш по првата епизода од новата серија “Златни двори”, следува моментот што сите го очекувавте. Првиот бакнеж на Омер и Дефне во “Вљубениот ерген”.

 

 

Омилените турски ликови, секојдневно ги следат над 350.000 македонски гледачи. Едноставната приказна исполнета со многу хумор и романса ги натера Македонките во времето на Ергенот да ги остават сите домашни активности на страна, а пак мажите, крај нив, да завидат на животот и стилот на Ергенот.

 

 

Дали вечерва, по првиот бакнеж, слатките Омер и Дефне конечно ќе си ја признаат љубовта што ја чувствуваат еден кон друг? Дали ова е почеток на искрена љубов во која тајната на Дефне ќе биде откриена?

 

 

По погледите и пеперутките, следува бакнежот. И засега, само бакнежот. За повеќе, ќе почекаме.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …