Почетна / Серии / Втора сезона од „Доли и Ем“, потрет на женското пријателство

Втора сезона од „Доли и Ем“, потрет на женското пријателство

 

“Доли и Ем” – секоја недела во 19.40 часот на Телма

 

Секоја недела на Телма по “Фчерашни новости” ќе се емитува втората сезона од британскиот ситком “Доли и Ем”. Првата сезона веќе беше повеќе пати емитувана на оваа фреквенција изминатата година.

 

 

Серијата ја осмислија, а и глумат во неа Емили Мортимер (Newsroom, Shutter Island, Match Point) и нејзината најдобра пријателка од приватниот живот Доли Велс (Spy, Bridget Jones’s Diary). Покрај нив две, кои ги толкуваат главните улоги, во серијата се појавуваат и низа познати актери во епизоди улоги како Сузан Сарадон, Енди Гарсија, Џон Кјузак итн.

 

 

“Дол и Ем” е интимен и хумористичен портрет на женското пријателство. Дејството се одвива во Лос Анџелес, каде се упатила Ем со цел да создаде кариера во Холивуд. Решена да го сними својот филм, на Ем и е потребен асистент и така ја вработува Доли.

Од време на време, серијата е горко-слатка, понекогаш пресмешна, а понекогаш и емотивна. Секоја следна епизода е приказна за себе.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!