Почетна / МК Сцена / Демант : Продукцијата одлучува кој ќе го користи брендот „Aвалон“

Демант : Продукцијата одлучува кој ќе го користи брендот „Aвалон“

 

Демантот на единствената и најдобра Авалон продукција во врска со објавената информација во одредени медиуми дека финансиска полиција ја “чешка” продукцијата и покренување преткривична продукција го објавуваме во целост :

 

 

” Во врска со наводите истакнати во еден медиум за пријава на АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА во Финансиската полиција и покренување на предкривична постапка, како адвокати сакаме да појасниме одредени правни моменти и поими за кои е направена забуна во текстот, а потенцијално можат да нанесат штета.

АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА е бренд кој е основан и работи од 1993 година. Како бренд, АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА одлучува со кое трговско друштво односно со која фирма ќе работи и склучува договори или поточно, која фирма ќе го користи брендот АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА бидејќи брендот нема сопствен правен субјективитет. Во ваквото постапување нема ништо сомнително ниту противзаконито туку напротив, така функционира работењето со сите брендови тука, а и секаде во целиот свет. Постои и треба да се прави разлика помеѓу правниот субјект- фирмата која работи и презема права и обврски кон други правни субјекти и кон државата и трговската марка АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА која се користи поради разни економски и маркетинг цели во областа на букингот низ целиот Балкан и впрочем работи со разни фирми низ целиот Балкан.
Сепак, истакнуваме дека фирмите и одговорните лица во фирмите кои работеле под овој бренд не затајувале данок ниту пак работеле неодговорно и досега не постоело било какво сомневање или постапка за затајување на данок. Од текстот не може докрај јасно да се утврди дали Финансиската полиција ќе постапува поради сомневање за некакво даночно затајување или поради неплатени долгови меѓу два правни субјекти, ЗАМП и САМООРГАНИЗАЦИЈА ДООЕЛ Скопје што е надвор од нивната надлежност. Треба да се прави разлика помеѓу непријавување и затајување данок и неможност за плаќање на долг од страна на приватна фирма кон здружение на граѓани.

 

САМООРГАНИЗАЦИЈА ДООЕЛ Скопје, за која неточно во текстот е наведено дека е „згасната“ , во моментот не може да постапи по пресуда со која на ЗАМП и се досудени парични средства од авторски права затоа што истата има ненаплатени побарувања од свои должници за што води одделни судски постапки. Правните односи меѓу ЗАМП и САМООРГАНИЗАЦИЈА ДООЕЛ немаат никаква допирна точка ниту со кривичното дело Даночно затајување ниту со доделувањето на субвенции од страна на Министерството за култура, кои се дадени заради остварување на проекти на АВАЛОН ПРОДУКЦИЈА која пак, како е напоменато погоре, е самостојна да одлучи на која фирма ќе и го додели правото да го користи нејзиниот бренд. Делот од текстот во кој е наведено дека ќе се истражувало „како фирмите кои работеле под брендот „Авалон“ добивале пари, а не ги подмирувале обврските кон ЗАМП“ укажува на непознавање на регулативата, мешање на поими и институции и изедначување на долгот кон ЗАМП со долг кон Буџетот што е недозволиво.
На крајот сакаме да потсетиме дека предкривичната постапка согласно Законот за кривична постапка е тајна и дека државните органи и медиумите треба внимателно да постапуваат во услови кога воопшто не е изграден никаков степен на сомневање, со цел да не дојде до несакани нарушувања на угледот кога се што ќе се утврди од испитувањето нема да резултира ниту со покренување на истрага ниту со формално отворање на било каква кривична постапка.

Со почит,
Адвокатска канцеларија СТАНКОВИЌ и ЈОШЕВСКА “

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!