Почетна / МК Сцена / Традицијата продолжува – мега промоција на новиот албум на Каролина

Традицијата продолжува – мега промоција на новиот албум на Каролина

 

Нов албум со концертна промоција на Каролина Гочева

 

На големо задоволство за љубителите на квалитетна македонска музика, се враќа супербрендот Каролина Гочева со нов албум. Но, не само тоа. Новиот албум и новата Каролина на нова, најголема врата досега, се враќаат ексклузивно за својата публика. По блескавиот концертен маратон од пред четири години, Каролина и нејзиниот бенд повторно се враќаат во Македонската Опера и Балет, со четири последователни концерти, на 23, 24, 25 и 26-ти февруари.

 

 

На концертите публиката за прв пат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од долгоочекуваниот албум на Каролина насловен „Извор“, а ќе се потсети и на најубавите нумери од проектот „Македонско девојче“.

Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба по цена од 800 денари, од 24-ти јануари, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, Југотон и онлајн на веб страницата на ККЗС.

 

 

Со секоја купена влезница следува подарок- луксузно дигипак издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.

Во немирните времиња во кои живееме, конечно нешто што ќе не сплоти сите заедно. Музиката на единствената Каролина ќе успее по којзнае кој пат, да ја собере Македонија на едно место и сите заедно да уживаме во нови песни од проектот “Извор”. Во февруари, сите на концерти кај Каролина!

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Слушнете ја новата хит балада „Надеж“ на Лозано

Влатко Лозановски со нова песна за оваа есен. “Надеж” е балада зад која стои добро …

Leave a Reply