Почетна / Филм / Сублимат на ликовната уметност во „Скопје Ремикс“ на Наша ТВ

Сублимат на ликовната уметност во „Скопје Ремикс“ на Наша ТВ

 

Ако сте го пропуштиле, повторно емитување на “Скопје Ремикс” во петок

 

Петок, 26 јануари, во 22.30 часот на Наша ТВ ќе биде емитуван македонскиот игран филм “Скопје ремикс” во продукција на „Ново Македонско Видео”. Составен е од 9 приказни, сместени во Скопје, изработени од 10 еминентни македонски режисери.

 

 

Преку овие приказни се прикажуваат убавите и модерните страни на Скопје, зачинети со легенди кои му даваат посебност и уникатност на овој град за кој што многу луѓе надвор од нашата земја и не се запознаени.. “Скопје Ремикс” е сублимат на македонската ликовна уметност на 21 век, во кој се вклучени 100 уметници од различни области на уметноста. Овие уметници ја покажуваат својата вмешаност во филмот со своите скулптури, слики и инсталаци. Визуелен ремикс на Скопје, составен од 9 приказни го претставува Скопје не само каков е денес, туку исто така и како уметниците би сакале да биде.

 

 

Секој од филмовите обработува посебна љубовна тема или нејзин аспект. Преку филмот ќе биде промовирана македонската уметност на неколку различни нивоа и начини. Еден од поважните елементи е музиката и музичката сцена која што во последно време е во подем и која што е нераздвоен дел од овој омнибус филм.

Aктерската екипа во овој филм од 2012-та година ја сочинуваат Милан Тоциновски, Софија Куновска, Јовица Михајловски, Дејан Лилиќ, Кирил Коруновски, Нина Гачиќ, Оливер Митковски, Ана Стојановска, Александар Микиќ, Јана Стојановска, Камка Тоциновски, Јулија Милкова, Игор Ангелов, Владимир Христов, Сашко Костов, Ирфан Незир, Емра Куртишовa, Дади Ангеловски, Перо Арсовски, Славица Николовска Спасова и други.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По дело на Живко Чинго, „Заминување од Пасквелија“ на Наша ТВ

Време на револуција и идеологија, време на пожари и поројни дождови. Време на разделби и …

Leave a Reply