Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (38. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (38. продолжение)

 

 

 
 
– Што се случи со портретот на татко ти?,- Естер го праша Фаусто, откако забележа дека повеќе не виси над каминот каде што стоеше со години.
– Го извадив, – одговори Фаусто мирно, па набрзо ја смени темата. Неверството на неговиот татко со нана Тили беше нешто за кое не сакаше да разговара. Најмалку со својата сопруга. – Разговарав со сите вработени и им забранив да не го пуштаат Енцо Анџели на фазендата. Не ја сакам ни неговата проклета сенка на Темпестад.
Естер подголтна. Дали тоа беше најдобриот начин да стави крај на својата афера со страсниот италинаец?
– И зар нема да ја исполниш последната желба на твојот татко?

 

Претходно читавте:

Во момент на неконтрола ги истури сите тенџериња од печката, сите садови од масата. Порцеланот се раскрши на парчиња, но тоа не ја смири неговата болка.
– Како можеше да ми го сториш ова татко?, – праша гласно и посегна по најголемиот касапски нож кој го најде.
Истрча од кујната како да го гонеше пуштен пес. За миг се најде во големиот салон каде што над каминот стоеше портретот на Ињаки Кастењон, портрет кој висеше на тоа место повеќе од триесет години. Со ножот го раскина немилосрдно, како да распарчува најголем душман.
– Проклет старец, – повторуваше додека парчиња од портретот паѓаа на подот.

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 38 – „Анибал одлучува да се врати во манастир“

 
– Што се случи со портретот на татко ти?,- Естер го праша Фаусто, откако забележа дека повеќе не виси над каминот каде што стоеше со години.
– Го извадив, – одговори Фаусто мирно, па набрзо ја смени темата. Неверството на неговиот татко со нана Тили беше нешто за кое не сакаше да разговара. Најмалку со својата сопруга. – Разговарав со сите вработени и им забранив да не го пуштаат Енцо Анџели на фазендата. Не ја сакам ни неговата проклета сенка на Темпестад.
Естер подголтна. Дали тоа беше најдобриот начин да стави крај на својата афера со страсниот италинаец?
– И зар нема да ја исполниш последната желба на твојот татко?
– Не, немам намера, – грубо и одговори Фаусто. – Од денес, тој човек е мој заколнат непријател. Истото важи и за тебе.
– Така ќе биде, – по краток молк одговори Естер.
– Освен тоа сакам да ја надгледуваш Елиса.
Елиса? Зарем Фаусто се сомнева дека девојката е вљубена во италијанецот?
– Зошто?
– Елиса е многу наивна и нема да сфати дека тој човек е крадец.
– Не би рекла дека е крадец…
Навистина лош момент за да му се спротистави, но самите зборови како да излеатаа од нејзината уста.
– Секако дека е крадец, по ѓаволите!, – Фаусто удри со тупаница по масата. – Зарем сега ќе го браниш?
– Не, – покорно одговори Естер.
– Не сакам да се делиш од Елиса. Ако слушнам дека нашата ќерка се видела со тој човек, колку и да е благодарна што и го спасил животот, ти ќе бидеш одговорна за последиците.

Лукреција ја затвори вратата од собата и се заврте кон креветот каде што седеше нејзината ќерка, гледајки ја со насобран бес поради соочувањето со Анибал предмалку.
– Навистина не можам да те разберам, Алис!
– Зошто? Само ја кажав вистината. Мене ме привлекуваат жени и ти го знааеш тоа.
– Тоа е само твој каприц. Ти не си навистина болна. Го правиш тоа само да ми пркосиш.
– Ти навистина си чудна, мајко. Мислиш дека целиот свет се врти околу тебе. Ти си најсебичната личност која ја познавам.
– А ти си најразмазената девојка на светот.
– Сега сфаќам зошто татко не беше срежен со тебе.
Ваквите зборови ја допреа Лукреција.
– Грешиш, Алис. Твојот татко беше многу среќен со мене.
– Не. Не е вистина. Ти се омажи за него од интерес. Поради неговите пари. Постојано му беше неверна и кога дозна дека е болен се што сакаше е што побрзо да го закопаш!
Шлаканица одекна во просторијата. Ударот беше толку силен што Алис падна на креветот држејки ја левата страна на главата.
– Јас не сум како тебе и не сакам да бидам како тебе, – додаде девојката липатајки, па истрча од собата, ставајки и на знаење на својата мајка дека разговорот е завршен.

По сознанието дека Алис ја привлекуваат жени, Анибал беше и повеќе од решен да го откаже договорениот брак. Го посети својот татко во работната соба.
– Татко, јас дојдов за да разговараме за мојот брак со Алисиња.
– Ме радува. Јас исто како и ти сакам што поскоро да се реализира тој брак, Анибал.
– Не, татко. Дојдов да ти кажам дека нема да се женам.
– Пардон?, – Фаусто потстана од столицата на која седеше.
– Јас нема да се оженам со Алисиња, татко бидејки решив да се вратам во манастир.
– Во манастир? Местото од каде што те истераа? Освен тоа, веридбата е веќе потврдена. Дадовме збор а ние Кастењон сме фамилија од збор, синко. Најмалку што сакам е цел Назаре да зборува дека синот на Фаусто Кастењон ја раскинал веридбата со младата и потентна девојка.
– Жалам, но јас не можам да ја оженам Алсиња. Очекувам твое разбирање, татко.
– Слушај ме. За мене, бракот е света работа. Ти си мој син, мој наследник и сакам да имаш среден живот, да ми направиш внуци, наследници…
– Татко, знаеш колку те почитувам, но јас не можам да се оженам со Алисиња, сакам да се вратам во манастир.
– Не доаѓа во предвид!
– Но, Христос ме бара татко, јас не можам да го игнорирам Бог.
– А мене можеш да ме игнорираш?, – Фаусто стануваше се похистеричен.
– Татко, те молам…
– Синко, има луѓе кои се родени за да му служат на Бога, ти не си еден од нив. Или треба да те потсетам колку многу ти се допаѓаат жените?
– Мислам дека грешиш…можеме ли да го продолжиме овој разговор друг пат?, – праша Анибал, подготвен да ја напушти просторијата.
– Не, Анибал! Овој разговор нема да продолжи. Ако е потребно, на сила ќе те одвлечкам до олтар.

Потпевнувајки над мијалникот, Кристина ги миеше садовите по вечарата, кога слушна тешки чекори на дрвениот под и длабокиот глас на Фаусто допре до неа.
– Кристина, сакам да разговарам со тебе.
– Сакате да дојдам во вашата соба, газда?, – праша, свесна дека газдата сака телесно олеснување по напорниот ден кој го имаше.
– Не. Сакам да знам дали мојот син Анибал се гледал со некој маж кога го посетуваше борделот на тетка Кармен?
Разговорот кој предмалку го имаше со својот син ги натера сомнежите на Фаусто во тој правец.
– Од каде сега тоа?, – изненадено го праша Кристина. – Ти кажав веќе дека син ти беше прав пастув со мене.
– Не лажи, Кристина и кажи ми што точно се случи, – извика Фаусто, зграпчувајки и ги рацете, свесен дека само на сила може да извлече нешто.
– Ме боли, – крикна италијанката.
– Што се случи, Кристина?
– Не се случи ништо. Твојот син немаше ни ерекција а потоа ми плати за да не ја отворам устата, – одговори како од пушка.

Одлуката дека ќе се врати во манастир, Анибал и ја соопшти на Лукреција кога по вечерата излегоа на свеж воздух на верандата.
– Не, ти не смееш да се вратиш во манастир. Алисиња лаже.
– Сеедно ми е дали Лукреција лаже. Мојата душа само го следи повикот од Бога.
– Не, не зборувај така, те молам.
– Само сакав да ти ја соопштам мојата одлука, пред некој друг да го тори тоа.
– Анибал, не можеш да ми го направиш тоа…
– Лукреција, одлуката е веќе донесена, те молам разбери ме.
– Не. Не можеш да ми направиш нешто такво, те молам.
– Анибал!, – се слушна гласот на Фаусто. По неколку чекори, неговите цврсти раце се најдоа на вратот на неговиот син. – Педеру! , – му замавна силна тупаница, Анибал се затетераве и падна преку оградата на верандата.
– Анибал, – крикна Лукреција на сиот глас.
– Ти не се мешај, – и се закани, па пријде до војот син, го потегна за палтото и го одвлечка кон шталата. – Јас ќе те научам како да бидеш маж…

Фаусто беше вон себе. Од сите мигови кога бил бесен, овој пат ги надминуваше сите граници, помисли Анибал кога Фаусто го доведе во шталата за да му одржи лекција. Таковото лице беше црвено а раката посилна во секој нареден удар!
– Педеру! Си ја платил Кристина бидејки не си успеал да ја задоволиш!
Удар.
– Татко, дозволи ми да ти објаснам…
Удар.
– Ти си педер кој никогаш нема допрено жена!, – Фаусто посегна по еден голем стап и безмилосно почна да го удира својот син каде ќе му дојдеше.

Продолжува утре…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …