Почетна / Сапуници / Почина Гонзало Вега, јунакот од епохалната новела „Алондра“

Почина Гонзало Вега, јунакот од епохалната новела „Алондра“

 

Почина мексиканскиот актер Гонзало Вега

 

На 69 годишна возраст, денес од болест почина познатиот мексикански актер Гонзало Вега. За македонските гледачи е познат по улогата на Бруно во костимираната новела “Алондра”, емитувана пред 15тина година на локалните тв станици

 

 

. Во серијата, љубовта на Бруно и Алондра се роди во романтичните предели на една планина, но врската беше забранета поради тоа што Бруно беше во брак со друга жена од која имаше и деца.

 

 

Гонзало Вега е инаку најпознат по улогата во “Колевка на волците”, за која има добиено награда за најдобар протагонист. Денеска, сочувство на социјалните мрежи изразија многу негови колеги и пријатели, а до самиот крај покрај него беа ќерките Маримар и Зурија Вега. (“Море на љубовта”).

 

Љубов осудена однапред на крај, Гонзало Вега (Бруно) и Ана Колчеро (Алондра)

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува епохалната хит драма „Далеку од дома“ на Сител

Oд понеделник (7 октомври), на Сител телевизија продолжува со емитување историската воена драма “Далеку од …