Почетна / Филм / Пирс Броснан и Рене Русо во „Аферата Томас Краун“ – вечерва на Сител

Пирс Броснан и Рене Русо во „Аферата Томас Краун“ – вечерва на Сител

 

Веднаш по Домаќинот, Пирс Броснан и Рене Русо во саботното кино на Сител

 

Совршен ум ќе смисли совршен план за совршена кражба, но не планирал дека некој ќе му биде голема закана и опасност. Вечерва на Сител, време за блокбастер во 21.15 часот, веднаш по хит комедијата “Добриот домаќин”.

 

 

Томас Краун е бостонски адвокат, постојано окружен со убави и фатални жени. Но, Краун има една маана – од хоби се занимава со крадење на скапоцени уметнички дела. Еден ден милионерот Краун ќе изведе уште едно педантно испланирано и елегантно кривично дело, крадејќи една скапоцена слика од њујоршкиот Метрополитен Музеј. Меѓутоа, овојпат во трага ќе му влезе детективот Мајкл Макен и Кетрин Бенинг, привлечна претставничка на осигурителната компанија, која поради кражбата изгубила многу пари.

 

 

Кетрин е интелигентна и одлучна во намерата да го фати виновникот и крадецот, но и да ја врати украдената слика на вистинскиот сопственик. Сепак, се случува нешто непредвидено – Томас и Кетрин започнуваат љубовна афера, и сега на потег е Кетрин – дали на нејзината одлука ќе влијае приватниот или професионалниот живот?

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционен трилер во петок и костимирана драма во недела на Прва

петок (15. ноември), МТВ 1, 22.55 часот – “Љубов и изнуда” Дјук е воен ветеран …

error: Содржината е заштитена!