Почетна / Серии / Теленовели / Негативката на Телемундо на два пати ја победила страшната болест

Негативката на Телемундо на два пати ја победила страшната болест

 

Кристина Лилеу имала две операции во рок од три години

 

Големите фанови на латиноамериканските теленовели сигурно ја паметат по улогата на злобната мајка во утринскиот тв хит “Скриени страсти”, емитувана на А1 телевизија.

 

 

Во серијата, Кристина Лилеи ја толкуваше улогата на дона Габриела, мајката на Норма, Химена и Сарита, која не бираше средства да ги спречи врските на ќерките со тројцата заводници и браќа Хуан, Оскар и Франко. Благодарение на таа улога, Колумбијката успеа да ги добие популарноста и вниманието од гледачката публика ширум светот.

По успехот во “Скриени страсти”, таа продолжува да снима за оваа продукциска куќа, по што следеа исто така успешни новели во кои толкуваше доста слични улоги како во “Скриените страсти”. Во “Тормента” ја гледавме како алчната земјосопственичка Еделмира, а во “Слатка тајна” како посесивната мајка Грејс Ремингтон.

 

 

Покрај професионалните успеси, таа и приватно е реализирана жена – со две ќерки. Но, животот не бил секогаш розов за неа. Во 2010 година и бил дијагностициран рак на матката. Операцијата поминала успешно, а опоравувањето било долго и мачно, но поддршка секогаш имала од мајка си, ќерките и домашните миленици. И по 3 години, во 2013 година, Кристина ја потресува уште една вест – открива дека има рак на градата.

 

 

“Беше страшно. Имав 16 радиотерапии потоа. Тие операции и терапии ме научија да не живеам од минатото и за иднината, туку да живеам во моментот, ден за ден, ден по ден. Добро е што и двата пати ракот беше откриен на време, пред да метастазира низ телото. Затоа бев одлучна одма да ги направам потребните операции и да продолжам со животот. Им советувам на сите девојки и жени редовно да прават прегледи на матката и градите, затоа што само така ќе може да ги спречат смртта и болката” – објаснува актерката.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ќе се дознае ли вечерва измамата за виното „Бруско“ ?

Неверојатни пресврти во грчката сапуница која секоја вечер се емитува на телевизија Сител. Во епизодите …