Почетна / МК Сцена / Видео | „Смрт или слобода за Македонија“, отпеаа момците од Некст Тајм

Видео | „Смрт или слобода за Македонија“, отпеаа момците од Некст Тајм

По “Ја излези Ѓурго” и “Слушам кај шумат шумите”, популарното дуо Некст Тајм со нова преработка на стара македонска песна. “Нешто ќе те питам бабо” е нивната најнова преработка која за неполн ден успеа да стане најсподелувана песна на социјалните мрежи. Комплетно дело на Николче Мицевски и филмски видео спот режиран од Огнен Шапковски е она кое ја освои публиката.

„Со гордост ви најавуваме промоција за нов видеозапис, за уште една македонска народна песна „Нешто ќе те питам бабо“. Веруваме дека и по третпат ќе ве направиме горди и ќе ја зачуваме македонската песна заедно“ – порачаа Некст Тајм при промоцијата на песната.

Во Драмски театар во Скопје, пред преполна сала, Стефан и Мартин Филиповски го претставија нивното ново музичко дело. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Јохан Тарчулоски, поглаварот на Бигорскиот манастир Партениј, Борис Дамовски, Слаткар, Лозано, Тони Зен, Магдалена и Лазар Цветковски и многу други беа само дел од публиката која го награди со аплауз новиот проект на „Некст тајм”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!