Почетна / Серии / Алфа со уште една реприза на македонскиот ситком „Цимери“

Алфа со уште една реприза на македонскиот ситком „Цимери“

 

Реприза на “Цимери” во 17, и реприза на репризата во 14.40

 

Од понеделник до петок околу 17 часот се репризита хумористичната серија „Цимери“ на Алфа. Проектот е дел од сопствената играна продукција на Алфа, содржи 40 епизоди од по 30 минути. Серијата неколку пати досега е емитувана на Алфа, а од скоро најде и свој термин во репризите кои скоро цел ден одат на оваа фреквенција.

Извршен продуцент на серијата е Тони Ристов, а се работеше според идеја на Ефтим Трајчов.

 

 

Сценаријата ги напишаа Ефтим Трајчов, Елена Стојановска и Зоран Бојаровски. Главните улоги ги толкуваа: Кристина Арсова, Снежана Киселичка, Миле Вратеоски, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов, Бојан Велевски и други македонски артисти.

 

 

Главните шест лика се Марко, Цветко, Митко, баба Цена, Финка и Свјатло Красимиров, кои ќе го прикажат животот на цимерите во Скопје низ комичните ситуации на нивниот секојдневен живот. Случките низ кои ќе ги градат ликовите се од современото живеење и се проткаени со хумористични и иронични заплети. Темите се актуелни, секојдневни и провокативни, од вработување и градење кариера до вљубување, сексуалност, па се’ до тоа како да се преживее во голем град.

 

Музичката тема на серијата “Цимери” ја изведуваат Куку Леле, а серијата е снимана во студиото на Алфа и на неколку локации во Скопје.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …