Почетна / Филм / Хорор акција, трилер и суперхеројски филм празнично на Телма и МТВ

Хорор акција, трилер и суперхеројски филм празнично на Телма и МТВ

 

Што ќе гледате вечерва на Телма и на Прва :

 

петок (25.мај 2018) – “Челичен човек” на Телма (19.00 часот)

Кларк Кент е обичен новинар се до момент кога  е принуден да се соочи со своето вонземјанско потекл бидејќи генералот Зод ќе ја нападне Земјата. Тогаш младиот херој  Кент одлучува да ја прифати судбината и станува Супермен – човек од челик…

 

 

Режијата на овој бритнаско американски суперхеројски филм е на Зак Снајдер, а улогите ги толкуваат Хенри Кавил, Ејми Адамс, Мајкл Шенон.

 

петок (25.мај 2018) – “Пеколен портокал” на Телма (22.00 часот)

 


 

Филмот го следи животот на тинејџерот Алекс Деларџ чии задоволства вклучуваат класична музика (најмногу Бетовен), силување и екстремно насилство. Тој е лидер на мала банда насилници, тој е дрзок и склон кон злоставување на другите; ги лаже родителите за да избега од училиште и има скап стерео систем од кој одекнува колекцијата на класични музички снимки.

 

 

“Пеколен портокал” е крими-драма-трилер филмска адаптација од 1971 година и тоа на истоимениот роман од 1962 година, напишан од Ентони Бурџис. Адаптацијата е продуцирана, напишана и режирана од Стенли Кјубрик. Главната улога на харизматичниот и психопатски деликвент Алекс ДеЛарџ ја игра Малколм Мекдауел. Филмот одржи вознемирувачка, насилна сликовитост преку која ја истражува социјалната позадина на младинските банди и другите теми на футуристичкото дистописко општество. Саундтракот на филмот се состои главно од класична музичка селекција и композиции на Венди Карлос изведени на Moog синтисајзер.

 

 

петок (25.мај 2018) – “Вооружена акција” на МТВ 1 (23.30 часот) 

Весли Снајпс, Ен Хеч, Дејв Анејбл и Колби Лопезсе главните улоги во хорор акцијата на Прва, вечерва во 23.30 часот.  Тим од специјални воени сили ќе се најде во стапица во една изолирана воена база.

 

 

Како заробеници тие доживуваат чудни и натприродни појави, а по средбата со еден осамен но опасен терорист, работите стануваат уште позаплеткани.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!