Почетна / Серии / Теленовели / Како од свирач на тапани стана дел од најгледаната турска серија

Како од свирач на тапани стана дел од најгледаната турска серија

 

Запознајте се се новото актерско име на младата генерација во Турција

 

 

Од шест годишна возраст пројавил љубов кон музиката и свирењето на тапани. И токму од средношколските денови, заедно со своите другари основал музички бенд со кој започнал да заработува на многу настапи и да одат на многу натпревари.

 

 

Бурак Тозкопаран е роден 1992 година, а моментално го гледаме во улогата на младиот, неодговорен, површен и богат убавец во хит серијата “Парампарче”.

 

 

Пред да му се случи “Парампарче”, победил на еден голем музички натпревар и му се дала шанса да студира на факултет за глума и телевизија.

 

 

И токму во тој бурен живот на студии, концерти, проби и настапи, му се случил кастингот за ликот на Озан, синот на богатиот бизнисмен Џихан во серијата “Парампарче”.

 

 

– Луѓето ме застануваат на улица, сакаат да се фотографираат со мене. На некои од девојките им е интересен Озан, некои го осудуваат токму поради неговото незрело однесување – кажува Бурак за неговата слава.

 

 

– Не очекував дека серијата ќе достигне толку голем успех и дека ќе стекнам толку обожавателки благодарение на Озан. Во секој случај, славата никогаш не ми удри во глава. Се уште сакам да одам на истите места на кои сум одел и порано и вистинската девојка да ме сака токму поради стилот кој го имам, музиката што ја слушам и филмовите што ги гледам – објаснува Бурак и додава :

 

 

“На екран не изгледам емотивно, но во суштина многу работи може да ме растажат. Не сакам луѓе кои не бираат средства за да успеат и токму таквите пријатели знаеле да ме разочараат. Она што знам е дека не можам да заборавам ни добро, ни лошо. Кога тогаш, враќам со иста мера, но драго ми е што од луѓето што ме знаат и од семејството ја добивам најголемата поддршка.”.

 

 

За него, музиката и тапаните се главната работа во животот, а за себе смета дека не е толку нервозен и комплициран лик како Озан, кој откако ќе направи нешто, се покајува во животот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Актерите на плажа – Азизе и Џевдет одмараат под вода

Популарниот турски брачен пар летово одмара во Чезме. Откако ја завршија со снимање историската воена …