Почетна / Серии / Сител на чекор до ТВ револуција – вечерва стартува „На терапија“

Сител на чекор до ТВ револуција – вечерва стартува „На терапија“

 

Никола Ристановски и Јелена Јованова ве покануваат вечерва на Сител

 

Веднаш по вашата омилена серија – “Вљубениот ерген”, следете го стартот на новата македонска играна серија. Кино Око продукција и Сител телевизија ве очекуваат пред малите екрани за сите заедно да ја проследиме приказната за психијатарот и неговите пациенти.

 


 

Вечерва, ексклузивно на Сител телевизија започнува серијата која ќе постави нови стандарди во македонската продукција на играна програма. “На Терапија” e прва македонска серија, снимена по странска лиценца. Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел и е креирана од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Леви е познат и по работата на серијата „The Affair“ наградена со неколку Златни глобуси.

 

 

Во македонската верзија на хит серијата игра исклучителна актерска екипа предводена од Никола Ристановски во улогата на психотерапевт, заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.

Широката популарност и гледаност на серијата „На терапија“ се должи на интелигентниот концепт и на маестрално изградените карактери со чии уникатни животни приказни може да се идентификува секој гледач.

 

 

Почитувани читатели, ве очекува спектакл кој не смеете да го пропуштите. Еуфоријата расте, гледачите се подготвени за на терапија. Сител телевизија е на чекор од телевизиска револуција. Вечерва, веднаш по мега хитот “Вљубениот ерген” започнуваат сесиите во “На Терапија”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …