Почетна / Серии / Теленовели / Спот посветен на трагично загинатата хероина од „Забранета љубов“

Спот посветен на трагично загинатата хероина од „Забранета љубов“

 

Колегите се сеќаваат на убавата Бјанка од “Pasión Prohibida

 

 

Деновиве е актуелна песната со спотот посветена на трагично загинатата венецуелска актерка Моника Спир. Ѕвездата од “Љубов и презир” и “Мојата роднина Чела” ја заврши својата успешна кариера со улогата на опасната Бјанка во хит новелата “Забранета љубов”, која моментално ја следиме секое утро на Сител телевизија.

 

 

Како што веќе пишавме, актерката беше убиена пред три години на автопат во Венецуела, а тагата и ден денес не стивнува особено кај нејзините блиски пријатели и колеги. По тој повод и беше снимено ова видео, кое наиде на голем број реакции на социјалните мрежи поради низата повикани и неповикани нејзини колеги во спотот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убавата селанка ќе добие „Подарено срце“ во новата серија на Сител

Нова кратка серија ќе се емитува на Сител телевизија во 21.45 часот, веднаш по “Бруско”. …