Почетна / Спорт / Фото | Трендо со поддршка за Кире Лазаров и Борко Ристовски во Шпанија

Фото | Трендо со поддршка за Кире Лазаров и Борко Ристовски во Шпанија

 

Трендо и Мате со поддршка за македонските ракометари на Барселона

 

Бившиот македонски водител Сашо Мацановски – Трендо заедно со своето семејство ги поддржи нашите ракометни ѕвезди Кире Лазаров и Борко Ристески на натпреварот во Asobal лигата во Шпанија. Трендо заедно со своето синче Мате се најде на трибините во „Палау Блауграна”, каде играше Барселона, тимот на Кире и Борко.

 

 

Ракометарите на Барселона ја забележаа 14 победа во исто толку натпревари во ASOBAL лигата и на едно коло до крајот на есенскиот дел, продолжува максималниот учинок. Екипата на Чави Пасквал во реприза од финалето на Купот на Кралот, вчеравечер ја совлада екипата на Хелветуа Анаитасума со 30:22 (15:13).

 

 

Во екипата на Барселона се истакнаа Лазаров со 6 и Арињо со 5 гола, а Борко Ристовски собра 9 интервенции.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Федерер VS Ѓоковиќ – денеска во 15 часот, финале на „Вимблдон“

Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер по 48-ми пат во меѓусебен дуел, денеска од 15 часот …