Почетна / Спорт / Секоја сабота во 21 часот – бокс меч на Телма, вечерва се Лерена VS Каленга

Секоја сабота во 21 часот – бокс меч на Телма, вечерва се Лерена VS Каленга

 

Вечерва на Телма, Лерена против Каленга

 

Секоја сабота во прајмтајм – бокс меч на Телма телевизија. Вечерва, 9 септември, дуел во средна категорија меѓу Кевин Лерена и Јури Каленга во Emperors Palace.

 

 

Лерена има рекордни 18 победи и еден пораз и брзо се приближува до својот првак, поразувајќи противници, меѓу кои и Џони Милер, Роберто Болонти и Мики Нилсен во последниве години. Тој е рангиран на второ место во неговата категорија од Светската боксерска организација.

 


 

– Победата може да отвори нови врати. Затоа вечерва е најважно да се победи. Противникот е тежок орев и победата би била голем чекор кон уште поголеми нешта. Морам да бидам паметен. Морам да го контролирам темпото низ сите 12 круга – изјавува Лерена за вечерашниот меч.

Следната сабота, 21 часот на Телма е резервиран за мечот Сандерс – Монро Јуниор, WBO полутешка категорија.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КК МЗТ Скопје Аеродром се засилува со нова поддршка пред новата сезона

КК МЗТ Скопје Аеродром добива нова поддршка во пресрет на предизвиците на домашната, регионалната и …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!