Почетна / Серии / Висар Вишка во улогата на Гент, сопруг и бизнисмен во „На терапија“

Висар Вишка во улогата на Гент, сопруг и бизнисмен во „На терапија“

 

Запознајте го Гент од “На терапија”

 

Натпросечно интелигентен, но подпросечно речит. Бизнисменот Гент од 18 септември ќе доаѓа на сесии кај доктор Терзиев во новата играна домашна серија на Сител. 22.20 часот е терминот кога Гент ќе зборува како отворена книга за своите лични проблеми, проблемите во бракот, со сопругата… Грижлив како родител, но дали е подеднакво добар и како сопруг? На што се должат неговата нервоза и анксиозност? Недоволна комуникација во бракот или нешто друго?

 

 

Широкиот дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен рамнодушноста. Најскриените тајни и најдлабоките мечти на ликовите ќе станат дел од вашето секојдневие поминато со Сител телевизија.

22.20 часот, 18 септември – време за на терапија !

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …