Почетна / МК Сцена / Фото | Елена и Каролина со гламурозен стајлинг на промоција

Фото | Елена и Каролина со гламурозен стајлинг на промоција

 

Најголемите модни икони и ѕвезди на македонската музичка сцена, Каролина и Елена, многупати на социјалните мрежи објавуваат заеднички слики. Освен тоа што ги спојува музиката како професија, тие се и приватно блиски другарки.

Минатиот месец се сликаа заедно со ракометарот Столе Стоилов при гостување во една телевизиска емисија, објавувајќи дека тројцата се бикови, но фали уште Столе да е пејач.

 

 

Пред неколку недели се случи и промоцијата на новиот албум на Елена, каде Каролина беше една од присутните гости. Освен по целта на промоцијата – албумот, вечерта остана запаметена и по гламурозниот стајлинг на Елена Ристеска, како и на нејзината гостинка Каролина.

 

 

Оваа слика е објавена на официјалниот профил на инстаграм на Елена, а за сликата има напишано :

 

 

Денеска, Елена доби плакета за Хит на годината за песната Доживотно од страна на Ејнџелс ФМ радио од Штип, додека пак Каролина веќе неколку недели ужива во Соединетите Американски Државни, фотографирајќи се на плажите во Мајами и Калифорнија.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!