Почетна / Телевизија / ’ГРАДИМЕ МОСТОВИ’ е слоганот за Евровизија 2015!

’ГРАДИМЕ МОСТОВИ’ е слоганот за Евровизија 2015!

’ГРАДИМЕ МОСТОВИ’ е слоганот за Евровизија 2015!

Откако во август дознавме дека следното издание на Евровизија се сели во Виена и дека продажбата на картите започнува половината на ноември, австриската национална телевизија ORF го објави и слоганот на своето “дијамантно’ издание на Евросонг. Од 19. до 23. мај натпреварувачите ќе настапат под слоганот “Building Bridges” (мк. “Градиме мостови“), кое го предложи креативната агенција PKP BBDO и кој ORF го одбра од стотина предлози.

Со слоганот “Bulding Bridges” ја избравме темата, т.е идејата Европа со обединет музички карактер и со оглед на тоа што е во Виена, традиционалната престолнина на светската музика во срцето на Европа. Го сфаќаме овој слоган како логичен продолжеток на идејата на Кончита Вурст формулирана на Евровизија 2014: важност на отвореноста, толеранција преку сите граници на заеднички интеракции. Со музичкото натпреварување во Виена сакаме музиката да гради мостови преку границите, културата и јазиците. Во светло на обединетите сили на ова големо заедничко европско натпреварување, ги покануваме сите да градат мостови и да пружат раце.
-Alexander Wrabetz, директор на ORF-a.

 

Bobi|ТвПакет

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …