Почетна / Филм / Пет детски филмови ќе бидат емитувани во Кинотека на Македонија

Пет детски филмови ќе бидат емитувани во Кинотека на Македонија

 

Министерство за култура најавува “Кино утро 2018”

 

Пет филмови за деца ќе бидат прикажани од 9 до 20 јануари во Кинотеката на Македонија. Програмата на Кино утро ќе биде отворена на 9 јануари со проекцијата на филмот „Мравко“. Истиот филм ќе може да се погледне и на 15 јануари. „Мравко“ е синхронизиран на македонски јазик.

 

 

На 10 и на 16 јануари ќесе прикажува „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11 и 17 јануари е филмот кој е синхронизиран на македонски јазик, – „Малите виленици Пикси“, на 12 и 18 јануари – „Мармадјук“, а на 13 и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“. Сите проекции ќе почнуваат напладне во 12 часот.

9 Јануари (вторник) и 15 јануари (понеделник) – Мравко (Antboy)
Откако го каснала мравка, дванаесетгодишното момче Пеле добива супер моќи. Со помош на вљубеникот во спортовите Вихем, Пеле создава таен идентитет – се претвора во супер херојот Мравко.

 

10 јануари (среда) и 16 јануари (вторник) – Облачно со можност за дожд од ќофтиња (Cloudy with a Chance of Meatballs)
Флинт Локвуд се смета себе си за добар пронаоѓач на изуми, но никој не му верува во тоа, ниту пак тој успеал да создаде корисен изум. Кога неговото гратче ќе се најде во економска криза тој ќе создаде машина што во атмосферата ќе предизвика дожд од храна.

11 (четврток) и 17 јануари (среда), 12:00 ч. – Малите виленици Пикси (Pixies)
Џо Бек ја изгубил љубовта на неговиот живот поради „клетвата на пикси“ која била фрлена на него откако ненамерно го уништил селото на малите виленици и го повредил принцот Вилијам.

 



12 (петок) и 18 јануари (четврток) – Мармадјук (Marmaduke)
Семејство од предградијата во САД решава да се пресели во нов дом заедно со нивното големо куче Мармадјук кое има способност да привлекува непријатности.

 

 


13 и 20 јануари (сабота) – Змејска топка 2 (Doragon bôru Z: Fukkatsu no ‘F)
Во недостиг на водач, остатоците на војниците на Фриз сега се под команда на вонземјанинот Соруба кој решава да го оживее Фриз. Тие доаѓаат на Земјата, каде што ги собираат неговите делови, со намера да го состават.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!