Почетна / Сапуници / Во низата репризи, колумбиската крими серија повторно на Телма

Во низата репризи, колумбиската крими серија повторно на Телма

 

Дневна реприза на крими серија на Телма

 

“Пабло Ескобар” е серија која го прати животот на господарот на злото и кралот на дрогата – Пабло Ескобар, творец на меѓународниот систем за дистрибуција на кокаин и најголемиот водич на колумбиски нарко картел. Се работи за колумбиска серија, снимена во 2012 година, која репризно ќе се емитува на Телма, од понеделник до петок во 16.45 часот.

Амбициозноста на овој проект се гледа во тоа што е снимен на 450 локации, има актерска екипа од 1300 актерски имиња и е заснован на веродостојни новинарски статии и сведоштва на сите оние кои на било кој начин биле во контакт со овој брилијантен криминалец.

 

 

Серијата ја осмислиле и продуцирале Камило Кано и Хуана Урибе. Камило Кано е син на Гиљемо Кано, убиен од Ескобар во 1986 година, а Хуана Урибе е заменик директор на колумбиската тв куќа Каракол чија ќерка исто така била киднапирана и убиена од Пабло Ескобар во 1989 година. Серијата има добиено многу награди на Premios India Catalina, Premios Clic Caracol, Premio Momento и Premios TV Adicto Golden Awards.

 

 

Во улогата на најголемиот нарко дилер на светот е Андрес Пара, а негова партнерка во серијата е Енџи Цепеда, позната за македонската публика по главните улоги во “Фиорела” и “Луз Марија”. Насловната нумера “La última bala” ја изведува Yuri Buenaventura.

 


 

Пабло Ескобар е роден во колумбиското село Медалин како син на фармер и учителка. Како мал не сакал да учи, туку навлегувал во разни неволји заедно со неговите брат и братучед. Почнал како ситен криминалец и крадец, но брзо напредувал до разнесување и криумчарење на дрога. На 32 години станал мултимилијардер и заработувал по пола милион долари дневно од шверц на дрога. Во стилот на Робин Худ, дел од парите вложувал во изградба на училишта, спортски игралишта и им давал на сиромашните.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!