Почетна / Серии / Историската драма „Столбовите на земјата“ во 20:40 часот на Телма

Историската драма „Столбовите на земјата“ во 20:40 часот на Телма

 

Борба за тронови во едно кралство – од понеделник на Телма

 


 

The Pillars of the Earth е мини серија во 8 продолженија, базирана на бестселерот на Кен Фолет, со истиот наслов. Серијата беше номинирана за престижните награди Златен Глобус, а од понеделник започнува со емитување на Телма телевизија. Секоја вечер во 20.40 часот по половина епизода од историската драма “Столбовите на земјата”.

 

Дејтвието се врти околу градењето на една катедрала во фиктивниот град Кингсбриџ во периодот на Анархијата во 12 век. Приказната започнува кога градителот Том ќе остане без работа и ќе биде оставен да талка низ Британското кралство во потрага по работа, водејки ги сосебе синот и ќерката, како и болежливата сопруга која чека трето дете.

 

 

Откако една студена и зимска ноќ, Том ќе ги загуби сопругата и новороденчето, се упатува кон Кингсбриџ, каде што ќе му биде понудено да изгради катедрала. Во Кингсбриџ ќе ја запознае Елен, преубава жена за која кружат гласини дека е вештерка.

Во борбата за тронови се вмешуваат најмоќните власници во местото. Надбискупот ќе стори сѐ за да ја добие титулата, но тука се и другите ликови кои нема да стојат рамнодушно пред одлуката за превласт и немилосрдна битка за моќ.

 

 

Улоги:Ian McShane, Rufus Sewell, Matthew Macfadyen, Eddie Redmayne, Hayley Atwell, Liam Garrigan, Tony Curran, Sarah Parish и др.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиерни епизоди од ситкомот „Мамини синови“ на ТВ 24

Српската верзија на “Mother and son” на телевизија 24, со нови и досега неприкажани епизоди …

Leave a Reply