Почетна / Телевизија / Лазар Темелков се враќа во новата отворена програма на Алфа – „Алфаскоп“

Лазар Темелков се враќа во новата отворена програма на Алфа – „Алфаскоп“

 

“Алфаскоп” – од понеделник до петок по 4ипол часа програма во живо

 

Контактна дневна емисија и на Алфа телевизија. Отворената програма во стил на емисиите кои одеа на Алфа изминатите години, го менува името и од сега ќе се вика “Алфаскоп”. Термините на емитување се од понеделник до петок со почеток од 11.30 часот претпладне до 16 часот.

 

 

Забавно контактната редакција заедно со информативната на Алфа ќе презентираат сѐ што се случува на културно забавната и дневната политичка сцена во Македонија. Друштво на познатите водители на Алфа, ќе им прави и Лазар Темелков кој во телевизијата се враќа по 4 години отсуство.

 

 

Потребата за внесување на политика во овој дел од програмскиот појас е поради локалните избори кои следат, а сѐ со цел гледачите да се информраат, да го кажат своето мислење и сами да пресудат кој е тој што ќе одлучува за квалитетот на животот во местото каде живеат.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ со пријава до ОЈО Скопје за заканите кон новинарот на Канал 5

По емисијата од средата (19 март) на “Само Вистина”, новинарот и уредник Александар Видиновски добил …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!