Почетна / Спорт / МТВ1 ќе ја емитува новата сезона на Формула 1

МТВ1 ќе ја емитува новата сезона на Формула 1

 

Македонската-радио телевизија ќе ја емитува новата сезона на Формула 1 на првиот програмски сервис. Сезоната стартува овој викенд, кога на програмата е трката за Големата награда на Кина. Државната телевизија на својот портал потенцира дека правата се откупени на барање на гледачите. Во шампионатот сезонава ќе се возат 20 трки, во “летечкиот циркус” ќе настапуваат 12 тимови и 24 пилоти, а годинава на патеките се натпреваруваат 6 пилоти што го освоиле светскиот шампионат барем еднаш во својата кариера. Тука се актуелниот Себастијан Фетел, Михаел Шумахер, Фернандо Алонсо, Џенсон Батон, Луис Хамилтон и повратникот Кими Раиконен, известуваат од МТВ. Новата сезона од овој викенд на МТВ. Квалификациите се возат во 8.00 часот наутро, додека трката е во недела во 9.00 часот.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 ќе го пренесува Меѓународниот ракометен турнир во Струга

Од 14 до 17 август 2019 година во Струга ќе се одржи меѓународниот ракометен турнир, …

error: Содржината е заштитена!