Почетна / Серии / Теленовели / Фото | Мајката на Мелек приватно e убавица и мултиталент

Фото | Мајката на Мелек приватно e убавица и мултиталент

 

Запознајте ја приватно несовесната мајка Шуле

 

Во хит серијата “Се викав Мелек” која секоја вечер се емитува на Сител телевизија го толкува ликот на Шуле, несовесна мајка и вистинска распуштеница. Но, во приваноста… Шуле е нешто сосема поинакво.

 

 

Назал Гонџа Вуслатери е турска актерка, новинарка, сценаристка, поетеса и радио водителка. Родена е на 2 септември 1986-та година во Бурса, а со изучување глума започнува да се занимава од својата 9 годишна возраст.

 

 

Големиот талент кој го поседува и наклонетоста кон психологијата  ѝ помогнале уште од мали нозе да се снајде во секакви жанрови на театарски претстави, па истата практика да ја продолжи и со сериите.

 

 

Поради улогата во еден популарен турски ситком, Гонџа ја добила наградата “Златна пеперутка” за најдобра актерка во комична серија. Вистинскиот успех сепак доаѓа со улогата на Шуле во турската потресна драма “Се викав Мелек”.

 

 

Во серијата, актерката ја гледаме во улогата на биолошката мајка на малата Мелек, која е растргната меѓу љубовта кон детето и желбата финансиски да го задоволи својот злобен сопруг. И токму за оваа улога, ја има добиено наградата за најдобра актерка од познати критичари во Турција.

 

 

Напоредно со глумата, таа објавува и неколку стихозбирки на песни.
 
 
 Поради финансиски проблеми во младоста, Гонџа не ја исполнила желбата на нејзината мајка да се занимава со економија или право, но сепак нејзините уметнички таленти ја довеле до она што е денес – талентирана во повеќе области.
 
 
 
Дани | ТВ Пакет
 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие имиња ја изведуваат песната за новата хрватска серија

На Сител телевизија стартува новата хрватска успешница “На граница” која ќе се емитува секоја вечер …

Leave a Reply