Почетна / МК Сцена / Видео | Александра Јанева со нова поп балада „Солза за крај“

Видео | Александра Јанева со нова поп балада „Солза за крај“

 

Нова песна на пејачката на “Врати ми го сонцето”

 

Александра Јанева има нова песна со видеозапис. Песната се вика “Солза за крај”, зад која како автор на музиката, текстот и на аранжманот се јавува Ѓорги Крстевски, а е снимена во “КМ ентертејмент”.

 


 

Александра Јанева со мега хитот “Врати ми го сонцето” во 2013 година победи на фестивалот “Макфест. Минатата година повторно настапи на “Макфест” со “За сто години” и повторно победи. Младата Струмичанка сосема ненападно се појави на македонската музичка сцена и покажа дека само со квалитетна музика може да се допре до срцето на слушателот.

Во продолжение погледнете го спотот за новата поп рок балада :

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажан „Мозаик“, парите за карти може да ги рефундирате

Организаторот на МОЗАИК фестивал заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи концертот во …

error: Содржината е заштитена!