Почетна / Телевизија / Џорлев се враќа на МТВ со нов музички проект „По патот на песната“

Џорлев се враќа на МТВ со нов музички проект „По патот на песната“

 

Нов автентичен музички проект на Македонската телевизија

 

По телевизиските проекти “Зајди, зајди” и “Зора зори”, Зоран Џорлев наскоро се враќа на малите екрани во новата емисија “Патот на песната”. Се работи за ТВ емисија, снимена од страна на продукцијата на Џорлев во копродукција со Македонската телевизија.

 

 

Актуелниот директор на “Танеџ”, Џорлев, по завршување на големите обврски со Танец, сепак реши да се посвети повторно на негова емисија. Овојпат нема да се работи за емисија снимена во студио, туку за нешто поинакво. Следејќи го патот на песната, Џорлев и неговиот оркестар ќе одат од град во град, пеејќи заедно со многутте таленти кои ги раѓа ова чудесно парче земја. Прва дестинација на снимање беше Скопје, потоа следуваат Охрид, Битола, Прилеп, Струмица и секое друго гратче каде што се пее и слуша македонската музика..

Ќе се пее и свири исклучиво во живо, а оркестарот ќе биде составен од професионални музичари: Илчо Јованов – хармоника, Никола Митровиќ – контрабас, Зоран Златков – тарабука, Александар Стаменковски – гитара и талентираната мултиинтрументалист – Бајца Арифовска.

 

 

Целта на емисијата и авторот е да се врати македонската народна песна на пиедесталот на кој заслужува да биде, против целиот шунд кој доаѓа од северниот сосед. Овој автентичен проект ќе содржи 30 емисии, а секоја од нив ќе трае околу 45 минути.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!