Почетна / Серии / Џек Мевосек повторно на МТВ во британската серија „Улица на ужасот“

Џек Мевосек повторно на МТВ во британската серија „Улица на ужасот“

 

Убиства, мистерија, секс и криминал секоја ноќ на МТВ

 

На првиот канал на Македонската телевизија ќе се репризира костимираната серија “Улица на ужасот”. Се работи за британска серија на BBC One од која се снимени пет сезони. екоја вечер околу полноќ, во терминот за репризи следува токму “Ripper street”.

Во продолжение потсетете се на содржината :

 

 

Озогласениот и морничав лондонски кварт Вајтчепел е местото каде ќе се одигра дејството на оваа криминалистичка серија. Бордели, пабови, темни сокаци, проститутки, силувачи, просјаци, насилници, банди, тоа се луѓето и местата на таа позната лондонска улица. Април, 1889 година, шест месеци по последното злосторство на познатиот хорор лик Џек Мевосек, во квартот на ужасот се случуваат нови убиства на жени.

 

 

 Тоа ќе ги натера инспекторите Едмунд, Хомер и Бенет да воведат ред и да откријат дали убиецот Мевосек се вратил на местото на злосторствата или се работи за негова достојна копија. Дел од ликовите се мадам Сузан, познатата дама на борделот, проститутката Роуз, новинарот Фред и Емили Реид чија ќерка е жртва на мистериозниот убиец.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!