Почетна / Телевизија / Цртани филмови на Дизни што нема да сакате да престанете да ги гледате

Цртани филмови на Дизни што нема да сакате да престанете да ги гледате

 

Оваа недела на Pickbox – најголемите Дизниеви хитови

 

Цели 79 години Дизни ги исполнува најубавите желби на детските фантазии и ги претвора во цртани филмови кои сакаме да ги гледаме повторно и повторно. Оваа недела поминете ја со своите деца, заедно со омилените класици на Дизни кои на Pickbox можат да се најдат во големи количини, некои преведени, а некои синхронизирани. Забавувајте се со енергичниот Тарзан, вештите животни од “Дома на ранчот“, палавиот Симба од “Кралот лав“, симпатичниот Квазимодо од “Ѕвонарот на Богородичната црква“, Петар Пан и многу други весели ликови кои ќе ве однесат на возбудлива анимирана вртелешка.

 

 

Многу посебна приказна

Секоја приказна на Дизни е посебна, а посебна е и косата на преубавата Златокоса од филмот Заплеткана (Tangled). Возбудлива, духовита, по малку забрзана и помалку емотивна верзија на “Златокоса“, “Заплеткана“ е цртан филм кој нема да сакате да престанете да го гледате дури и по 100-те минути, колку што трае филмот, а колку што, најверојатно, е и должината на косата на нашата прекрасна принцеза.

Зад ѕверот се крие мил принц

Убавицата и ѕверот е 30-тиот филм по ред создаден во работилницата на “Дизни“, а шармантната Бел и страшниот Ѕвер биле толку убедливи што Академијата морала да им даде 2 Оскара. Во овој преубав цртан дознајте дали Ѕверот е толку страшен како што изгледа, како чајникот и свеќникот можат да зборуваат и како една паметна и убава млада жена ќе се снајде заробена во дворецот.

 

Под морето се најубавите принцези

Синхронизираниот цртан, чие дејствие се одвива под морето, ќе ве воодушеви со својата убавина и со разиграните морски суштества. Убавата Ариел гледајте ја во уште две преведени продолженија: Малата сирена: Почетокот на Ариел и Малата сирена 2. Двата Оскара нека бидат гаранција за овој прекрасен цртан за морската принцеза која одлучи да живее на копно.

 

 

Аладин и волшебната ламба

Најволшебниот од сите цртани на “Дизни“ е оној за Аладин, обичниот млад човек кој има сон да се ожени со преубавата принцеза. Дека ништо не е невозможно докажува и духот од волшебната ламба кој е подготвен на Аладин да му исполни три желби. И овој прекрасен филм освои 2 Оскара, а на Пикбокс се достапни двете продолженија.

 

 

Хакуна матата!

Најдобрите цртани не се резервирани само за децата, туку и за возрасните кои се млади во душа. Најдобриот филм, во кој подеднакво ќе уживаат и децата и возрасните, е оној за малиот Симба кого го чека голема иднина во неговата родна Африка. Кралот лав ќе ги стопи и најтврдите срца и ќе покаже дека секогаш вреди да се бориш за правилната работа. По првиот, на Пикбокс веднаш гледајте ги и Кралот лав 2 и Кралот лав 3.

 

Во џунглата се сите најзабавни животни

Тарзан отсекогаш бил симбол на авантурите и убавините на животот во дивината. Дека ништо не е невозможно, па дури ни тоа момче да порасне само со горили и диви животни во џунглата, ни докажува еден од најпопуларните цртани на сите времиња, кој освои еден Оскар. На Пикбокс, секако, можете да ги најдете и двата дела на овој цртан филм.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!