Почетна / Телевизија / Филмски Божиќ со програмата на Скај Нет и локалните телевизии

Филмски Божиќ со програмата на Скај Нет и локалните телевизии

 

Божиќни филмови на Скај Нет и другите локални телевизии

 

За време на Божиќните празници, програмата на Скај Нет ќе биде збогатена со празничен филмски маратон.

 

 

Филмската магија започнува во понеделник во 14:30 часот со семејната комична авантура “Децата од Дуранго”, филм снимен во 1999 година. Маратонот продолжува во 17 часот со “Пат околу светот за 80 дена” (Around the world in 80 days). Се работи за култната авантура со Пирс Броснан, снимена по истоимениот роман. Овој филм во три дела ќе се емитува во понеделник, вторник и среда во 17 часот.

Во понеделник (5 јануари), вечерното уживање започнува со “Божиќна провала” и Шенон Доерти во улогата на божиќниот крадец.

Во вторник во 14.30 на репертоар е тинејџерската акција “Огнени тркала”, а во среда на Божиќ во истиот термин ќе го гледаме Робин Вилијамс во “Имела над Менхетен”. Вечерта на Божиќ ќе биде прикажана божиќната драма “Божиќ во Каслбери Хол” во 22:30 часот.

 

Но, Бадник и Божиќ не се целосни ако немаме филмови за Христовото раѓање, па така во вторник со почеток во 19:30 часот ќе се емитува “Бен Хур”, филм во две продолженија за животот на Исус Христос.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!