Почетна / Серии / Српската хумористична серија „Бела лаѓа“ во 21 часот на Алфа телевизија

Српската хумористична серија „Бела лаѓа“ во 21 часот на Алфа телевизија

 

“Тесна кожа” добива свое продолжение во “Бела лаѓа”

 

Од понеделник до петок во 21 часот на Алфа телевизија може да ја следите српската серија “Бела лаѓа”. Се работи за серија која со голем успех е снимана и емитувана на Радио телевизија Србија цели шест години. Серијата е во продукција на Коштуњак филм и правена по сценарио на Синиша Павиќ. Од сите серии на овој автор (Подобар живот, Среќни луѓе, Семејно богатство), ова е најдолго сниманата серија.

 

 

“Бела лаѓа” е индиректно продолжение на филмот Тесна кожа. Улогата на Мита Пантиќ овде ја игра Петар Краљ наместо Никола Симиќ кој ја толкуваше во филмскиот серијал. Во улогата на Среќко Шојиќ, и овде како и во филмскиот серијал се најде актерот Милан Гутовиќ. За разлика од филмот, овде главниот актер е всушност Шојиќ, а не Пантиќ.

Шојиќ е бизнисмен и претседател на Партијата за здравиот разум, која ја финансира негов роднинина, Тика Шпиц. Негов заменик е Панковиќ, а негов противник Хаџи Здравковиќ, претседател на партијата – Демократска ренесанса. Главниот лик Шојиќ влегува во мафијашки зделки со мафијашкиот бос Озрен Солдатовиќ и неговата десна рака Аламуња, со цел да добие победа на политичките избори.

 

 

Од друга страна, семејството Пантиќ го сочинуваат Димитрија (Мита), неговата жена Персида, синовите Маринко и Блашко, како и  ќерката Мирјана. Маринко е разведен и од бракот има две деца, а Мира е на работ на развод, а со мажот Бого го има синот Кича.

Мита е во пензија откако Шојиќ станал претседател на партијата. Во предизборната кампања на Шојиќ се вклучува и целото семејство Пантиќ. Секој од Пантиќ гледа свој личен интерес од таа кампња и од добивањето на изборите. Следуваат многу сплетки и хумористични случки на патот на Шојиќ и Пантиќ до изборната победа.

Серијата е снимена во 90 епизоди, а насловната тема “Плови бела лађа” е компонозирана од Боислав Војкан Борисавлевиќ.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!