Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Сител со емисија за здравје по теркот на оние на Телма, ТВ 24 …

Сител со емисија за здравје по теркот на оние на Телма, ТВ 24 …

Пред околу петнаесетина години, Канал 5 телевизија започна со емитување на емисија за здравје, во која гости на водителката Билјана Дебарлиева ѝ беа стручни лица од докторската фела кои зборуваа за разни проблеми со кои се соочуваат македонските граѓани.

Истиот терк на емисии го следеа и другите телевизии, па така се редеа Фактор здравје на ТВ 24, Проект здравје на Наша ТВ, Телма амбуланта на Телма, Подобро здравје на Сител …

Но, изгледа и во 2024-та година, истиве емисии продолжуваат да се инспирација за нашите телевизии. Па така, уште една нова емисија за здравје “изникна” на малите екрани. Добриот доктор е името на новата емисија на Сител која се емитува секој работен ден во 10.45 часот наутро.

Дали бил можеби мал просторот за гости и контакти со гледачи преку утринската програма и дневниот магазин на Сител, па сега и уште една нова емисија?

Дали можеби гледачите на Сител како најгледана телевизија заслужуваат да видат нешто ново и иновативно на оваа телевизија наместо веќе познати едни те исти емисии? Телевизиите во регионот во дневните термини емитуваат серии и содржини од странски продукции, а кај нас тие термини се пополнуваат со репризи на турски серии и емисии кои веќе 30 години одат во етерот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Motocast” на Канал 5 ги оживува приказните за моторџиите

Секоја среда по 23 часот, нов подкаст на Канал 5. MOTOCAST е подкаст посветен на …

error: Содржината е заштитена!