Почетна / Живот / Серијал на мотивациони приказни за губење на килограми

Серијал на мотивациони приказни за губење на килограми

 

“Слаба шанса” – секоја сабота во 20 часот на TLC

 

Љубовта е најголем мотив за слабеење, тоа добро го знаат учесниците во серијалот „Слаба шанса“ кој од сабота во 20 часот се прикажува на ТЛЦ. Камерите следат 8 индивидуи кои сакаат значително да изгубат тежина за да ја подигнат својата самоувереност и пронајдат љубов.

 


 

Секоја епизода го истражува тромесечното патување на секој од нив, на кое ќе се трудат да го изгубат вишокот тежина и конечно да и признаат на личноста која ја посакуваат дека имаат чувства за неа. Јунаците на серијалот ветуваат дека за 90 дена ќе се сретнат со своите симпатии потполно преобразени. Со помош на личен тренер ќе се соочуваат со вагата и своите емоционални препреки и за тоа време ќе научат како повторно да се засакаат и да стекнат храброст да ги признаат своите емоции.

 


 

Една од кандидатките Шајен Лент има 27 години и 97 килограми. Се плаши дека никогаш нема да има храброст да му пристапи на Реган, кој и се допаѓа уште од тинејџерските години. Се решава да преземе сè што е во нејзина моќ и да изгуби 30 килограми. Во текот на нејзиното тримесечно патување таа ќе сфати дека не мора да се ограничува на старите желби.

Оваа со уште седум други приказни проследете ги во серијалот „Слаба шанса“ секоја сабота во 20 часот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!