Почетна / Телевизија / Професионални медиуми се клучни во борбата против дезинформациите

Професионални медиуми се клучни во борбата против дезинформациите

Директорот на ААВМУ  – Зоран Трајчевски учествуваше на регионалната онлајн конференција за справување со предизвиците од дезинформациите во Западен Балкан, којашто се одржа на 11 и 12 ноември 2020 година. Конференцијата ја организираше Советот за регионална соработка, во соработка со ОБЦ ТрансЕвропа, Европската служба за надворешно дејствување на ЕУ и Европскиот центар за борба против хибридни закани.

Нејзината цел беше да се подигне свеста во Западен Балкан за справување со дезинформациите и да произлезат препораки за политики засновани на најдобрите практики од цела Европа, кои ја земаат предвид регионалната динамика и потенцијалот за меѓународна соработка.

На панел дискусијата посветена на справувањето со дезинформациите од институционална перспектива, Трајчевски посочи дека постои наплив на дезинформации чиј интензитет се зголемува во зависност од актуелните случувања. Во трката за ексклузивност и поголема публика, повеќето држави, меѓу кои и нашата се соочија со појавата на дезинформации или недоволно проверени информации кои предизвикаа дополнителен проблем во справување со и заштита од Ковид-19.

Во неколку наврати, Агенцијата јавно реагираше и повикуваше на почитување на професионалните новинарски стандарди и на неопходноста од точно и навремено информирање на граѓаните. Една од најмоќните алатки во борбата против дезинформации е медиумската писменост, на чие промовирање и развивање, Агенцијата активно работи, заедно со членките на Мрежата за медиумска писменост. Подеднакво значајно е и промовирањето и подигањето на професионалните новинарски стандарди во известувањето.

Сите ние, без оглед дали станува збор за регулаторни тела, граѓански асоцијации, новинарски здруженија, или државни институции, сме соочени со бројни предизвици, но сепак, не треба да заборавиме дека имаме заедничка цел – а тоа се професионални медиуми и медиумски писмени граѓани“ истакна Трајчевски на панел дискусијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ ја осуди изјавата на Ковачевски во врска со медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува изјавата на претседателот на политичката …

error: Содржината е заштитена!