Почетна / Телевизија / Естрадниот магазин „Бекстејџ“ се враќа на малите екрани

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ се враќа на малите екрани

Уште една ексклузивна информација допре до изострените уши на ТВ Пакет – естрадниот магазин “Бекстејџ” се враќа на малите екрани од септември во новата телевизиска сезона. “Бекстејџ” започна во 2008 година на Сител ТВ, од 2013-та кратко замина на МТВ 1, за од 2015та до 2017 да се емитува на Алфа. Минатата сезона без никакво објаснување, исчезна од тв екраните, но сега најновите шпекулации говорат дека “Бекстејџ” се враќа и тоа на сосема нова фреквенција. Дали е навистина така, останува да го почекаме септември и да дознаеме.

Додека се емитуваше на Сител телевизија, емисијата имаше високи рејтинзи на гледаност и стана препознатлив бренд како емисија за промоција и пренесување информации од светот на музиката, филмот и културата. Од септември, повторно со вас – магазинот кој ќе ги следи сите актуелни случувања на домашната и балканската музичка сцена. За потсетување, многу водителски имиња продефилираа низ овој магазин, па така првиот водителски пар беа Влатко Илиевски и Марјана Станојковска, за потоа да следуваат нови имиња како Драгана Чуприна, Миа Костова, Мартина Михајловски, Симона Ѓокиќ, Снежана Велков, Андреј Клинчаров.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законска обврска – вести во предизборието за лица со сетилна попреченост

Согласно обврските од Изборниот законик, Јавниот радиодифузен сервис, односно Првиот и Вториот програмски сервис на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!