Почетна / Живот / Волшебна елка украсена со желби во ТЦ Рамстор

Волшебна елка украсена со желби во ТЦ Рамстор

Новогодишната волшебна елка накитена со желбите на седумдетсетина деца од згрижувачките семејства по четврти пат ќе биде поставена во Трговскиот центар Рамстор. Децата на картички ќе ги напишат своите имиња и желбата што сакаат да добијат, а секој хуман граѓанин може да учествува во оваа донаторска акција со тоа што ќе исполни некоја од желбите.

Китењето на елката со желби ќе биде на 10. декември, во понеделник во 10:30 часот, кога децата од овие семејства ќе ги запишат своите желби. Волшебната елка на желби ќе биде во Рамстор се до 30. декември кога ќе биде доделувањето на подароците. Kупените подароци граѓаните ќе може да ги остават на означеното место.
 
„Ова е заедничка акција што ја спроведуваме со Црвениот крст и Центарот за социјална работа, со цел да им го приближиме новогодишниот дух и на овие деца. Акцијата ја направивме на овој начин за да може да се вклучат и граѓаните и со тоа да поттикнеме една поширока акција за подигнување на свеста за многу неисполнети желби и соништа на напуштениете деца. Со нашата акција, секој граѓанин може да одбере и оствари новогодишна желба на некое од децата“, изјави Ебру Радевски, менаџер на Рамстор Мол центарот.
Новогодишната волшебна елка на желби е донаторската активност која се организира четврта година по ред, по иницијатива на ТЦ Рамстор, а во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје.

Крис Манев | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Симбиоза” – изложба на Бојан Ковски во Музејот на Град Скопје

Уметникот Бојан Ковски ќе ja отвори својата најнова изложба “Симбиоза” во Музејот на Град Скопје …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!