Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Фолк, рап и поп елементи во грчката евровизиска песна

Видео | Фолк, рап и поп елементи во грчката евровизиска песна

 

“Земјата на утопијата” – Грција на Евросонг 2016

 

Со своето деби од 1974 па наваму Грција само еднаш победува на Евровизија, и тоа во 2005 година со My Number One на Елена Папаризу. Многу успеси бележат од 2004 година кога дури осум пати по ред освоиле Топ 10 пласмани и ниту еднаш не останале без финале. Најслабиот пласман им е во 1998 и 2014 година кога го освојуваат 20-тото место. Откако грчката национална телевизија ERT на 11 јуни 2015 година повторно започна со емитување, беше јасно дека наскоро треба да се чека нивна потврда за учество во Стокхолм.

 

 

На 28 август тие потврдија дека ќе бидат дел од Евровизија и дека годинава ќе бираат песна и изведувач интерно, што е прв пат од 2004 година па наваму. На 9 февруари беше објавено дека бендот Argo се грчките претставници а дека песната Утописка земја говори за кризата со бегалците, финансиските тешкотии со кои се соочува земјата, но дека сепак песната е со позитивна порака.

Argo e грчки бенд кој постои од 2006 година а годинава го менуваат своетo старо име Europond во Argo. Интересно е што тие своите фолк нумери и со етно елементи ги исполнуваат најчесто на посебен грчки дијалект, наречен понтски, кој е поврзан со регионот кој е близу турската граница.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!